Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рекордната суша ги стави на мака сточарите

Рекордната суша ги стави на мака сточарите

Австралиските сточари се принудени да ја убиваат стоката и да возат 24 часа по храна за животните, бидејќи трева речиси и да нема. Некои сточари во Австралија принудени се да ја убиваат стоката бидејќи не можат да ја хранат, ниту да ја продадат.

Истокот на земјата се бори со најлоша суша во историјата. Како што известува Ендрју Томас, финансиските проблеми го земаат својот данок, што дополнително ги фрустрира сточарите.  За да набават храна за животните, сточарите мора да возат и по 24 часа.

Чарлс Адлер од хуманитарната организација Купи стог сено, вели дека 70 отсто од државата Квинсленд е под суша, како и половина од Нов Јужен Велс.

- Им помагаме на сточарите и го зголемуваме нивниот морал. Тие знаат дека на некоја друга страна на државата се грижат за нивните проблеми – вели Адлер.

Лекарска помош

- Во подобри времиња оваа земја беше многу повеќе зелена отколку портокалова, а на неа имаше многу овци и крави. Денес тешко можат да се видат животни, колку и да гледате далеку, јавува Томас од Брокен Хил.  Всушност се што можете да видите се коски.

Сели и Тони Брајт добиле неколку стогови сено. До сега морале да ја елиминираат стоката, како другите сточари, но само затоа што направиле неколку превентивни потези, чија цена ќе ја плаќаат уште долго време.

Извор: Миа

- Сега ги продаваме кравите кои се подготвени за оплодување. Немаме избор. Ја губиме стоката која го обновува стадото. Тоа е фрустрирачки и тоа влијае на нашата психа. Одите наоколу со камен на срцето и гледате во небото со надеж дека ќе видите облаци кои носат дожд, вели Сели Брајт.

Лекарите од воздушната клиника, кои со хеликоптери стигнуваат до своите пациенти во зафрлени региони, обично имаат повеќе интервенции поврзани за незгоди со сточарите, отколку за психолошки проблеми. Меѓутоа, оваа година менталното здравје е клучен приоритет.

- Најчести дијагнози во последно време се депресијата и прекумерниот стрес, вели директорката на клиниката Линда Катлер Ројал.

- До сега немаше самоубиства, но луѓето зборуваат за тоа. Дефинитивно многу помислиле и на таа опција, додава психологот Ванеса Летам.

Побарувачката по т.н. летечки клиники, никогаш не била поголема. Владата сушата ја оцени како природна катастрофа, па ветена е финансиска помош за сточарите.

Меѓутоа, многу попотребно од приливот на свеж капитал е дождот, кој во овој дел на Австралија не падна во последните две години.

Слично

Поврзани вести