Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рекордна продажба на автомобили во САД

Рекордна продажба на автомобили во САД

Во март е забележана најдобра месечна продажба на возила во САД по 2007 година. Американските гиганти „Џенерал Моторс“, „Форд“ и „Крајслер“ се задоволни од постигнатото. Имено, само за март вкупно биле продадени 1,45 милиони возила, што е за 3,4 отсто повеќе отколку во март 2012 година.

Аналитичарите оценуваат дека за цела година, вкупната продажба ќе надмине 15 милиони автомобили.

„Џенерал Моторс“ во март продал 245.950 возила, што е за шест отсто повеќе отколку во истиот месец минатата година, а „Крајслер“ продал 171.606 автомобили,  за пет проценти повеќе од 2012-та.

Раст од шест отсто во однос на март 2012 година бележи и  „Форд“ кој продадал вкупно 236.160 возила.

Слично

Поврзани вести