Рекордна продажба на 230 милиони паметни телефони во светот во 2013 година
Рекордни 230 милиони паметни телефони се испорачани во светот во вториот квартал од 2013 година, покажуваат податоците на најновото истражување на пазарите Strategy Analytics спроведено од светското здружение GSMA. Ова претставува 47 отсто повеќе отколку во истиот период лани.
Ваквиот голем раст, според истражувањето, се должи на порастот на побарувачки на 4G модели на смартфоните во развиените региони како САД и 3G моделите на пазарите во развој, како што е на премер Индија.
Лидери во продажбата на паметните телефони во вториот годинешен квартал во светот се азиските брендови, при што најголем пораст и во пазарните удели имал јужнокорејскиот Samsung. Неговата испорака на смартфони пораснала значително од вкупниот пазар, односно за 56 отсто, достигнувајќи рекордни 76 милиони парчиња низ светот.
Со тоа Samsung зазема 33 отсто од светскиот пазарен удел, а најблизок до него е неговиот најголем конкурент американски Apple кој во целиот свет во вториот квартал од годинава испорачал 31.3 милиони свои смартфони од моделите iPhone, што е за 20 отсто повеќе отколку во истиот период лани.
LG кој своите глобални испораки на смартфони ги удвоил во однос на минатата година за 12,1 милиони парчиња во второто тримесечје од оваа година, па со петпроцентниот удел на светскиот пазар го задржал третото место.
Кинеските ZTE и Huawei, исто така, имале многу добар квартал со 11,5 односно со 11,1 милиони испорачани смартфони, и со пазарен удел од по близу 5 отсто.
Слично
