Рекордна парична казна од 1,7 милијарди евра за банките
Рекордна парична казна во износ од 1,7 милијарди евра им беше наложена на водечките европски и американски финансиски институции за манипулација на меѓубанкарските каматни стапки.
Германската Deutsche Bank AG понесе парична казна од 725 милиони евра, што беше и најголема изречена казна . Глобата на француската институција Societe Generale SA е во износ од 446 милиони евра , додека на RBS - 391 милиони евра. JPMorgan Chase & Co . ќе мора да плати 80 милиони евра. Наметнатата казна е најголемата во историјата на ЕУ .
"Тоа што е шокантно во случајот , не е само манипулацијата на меѓубанкарските каматни вредности , следени од целата инвестициска заедница , но и соработката на банките една со друга во услови во кои се претпоставува дека би требало да се натпреваруваат една со друга ", коментираа од европските регулатори денес.
Вредноста на загубите за финансиските институции , сепак можат да го надминат далеку нивото на наметнатите казни заради очекуваните тужби против нив од големи институции како и граѓански тужби .
UBS AG и Barclays Plc не беа казнети , бидејќи тие беа првите кои ги информираа регулаторите за шемата . Така швајцарската банка се размина со потенцијална казна во износ од 2,5 милијарди евра , додека Barclaysја избегна казната од близу 690 милиони евра.
Слично
