Рекордна невработеност во еврозоната, Шпанија е најпогодена
Во 17 земји од еврозоната се бележи рекордна стапка на невработеност од 11,8 проценти, покажуваат ноемврите податоци кои денеска ги објави Евростат.
„Во еврозоната во ноемеви 2012 година се регистрирани вкупно 19 милиони невработени, што е за два милиони повеќе од истиот месец во 2011 година. Тоа е раст од 11,7 проценти во однос на октомври 2012 година“, стои во соопштението на Европската статистичка служба.
Според овие податоци, бројот на невработените во 27 членки на ЕУ за првпат од почетокот на кризата ја надмина бројката од 26 милиони. Најлош мина Шпанија која со невработеност од 26,6 проценти ја мина и Грција.
Слично
