Рекордна нарачка за „Ербас“
Мега нарчка од 200 авиони од типот А320 очекува европскиот конструктор на авиони Ербас од индонезиската авиокомпанија Лион Ер.
Оваа нарачка, ако се реализира ќе претставува една од најголемите нарачки на авиони од компанијата, но и според вредноста на нарачаните авиони, која може да надмине 20 милијарди евра според каталагот на Ербас, пишува денеска парискиот економски дневен весник „Лес Екхо“.
Елисејската палата и Ербас одбија да коментираат, но во текот на денот во Елисејската палата ќе биде примен првиот човек на Ербас Фабрис Брегиер, во рамките на неделата на индустријата.
Според весникот „Лес Екхо“, нарачката на 200 авиони од Лион Ер, треба да биде потпишана во Елисејската палата од страна на првите луѓе на Ербас и Лион Ер. Најголемиот број од авионите се од новата верзија НЕО со нови мотори.
Цената на еден класичен Ербас А320 изнесува 91,5 милиони долари за авион, додека верзијата НЕО надминува 100 милиони долари. Лион Ер е нов клиент за Ербас, бидејќи се досега оваа индонезиска авиокомпанија се снабдуваше со авиони кај Боинг, од каде во 2011 година нарача 230 Боинзи 737 во износ од 21,7 милијарди долари. Минатата недела Туркиш Ерлајнс нарача 82 авиони од типот Ербас А320 во вредност од 9,3 милијарди евра.
