Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рекордна година за Ауди!

Рекордна година за Ауди!
Германскиот производител на автомобили Ауди во ноември забележа раст на продажбата од 10,9 отсто, благодарение на пазарите во Кина и САД, пренесуваат светските медиуми. Компанијата минатиот месец продаде 123.600 автомобили, а во текот на првите единаесет месеци дури и 1,344 милиони, што претставува зголемување од 12,7 отсто во споредба со минатата година. Растот на продажбата е направен благодарение на кинескиот пазар, бидејќи во Европа, продажбата на автомобилите на Ауди падна за 1,9 проценти. Со оглед на тоа што тие веќе го надминаа вкупниот број на продадени возила во минатата 2011 година, ова ќе биде рекордна година за Ауди.
Слично

Поврзани вести