ЌЕ БИДЕ ЛИ РЕКОРДЕР СО НАЈДОЛГ СТАЖ: По петти пат Нетанјаху премиер на Израел
Бенјамин Нетанјаху, најверојатно е победник на парламентарните избори, по вчерашните избори.
Со оваа победа тој ќе си обезбеди петти мандат на чело на владата, објавија изралските медиуми.
По преброени 96 отсто од гласовите, партијата на Нетанјаху, Ликуд, доби 37 места во парламентот, а сино-белите, предводени од генералот Бени Ганц, добија 36.
Со овие резултати Нетанјаху најверојатно ќе прави коалиција со десничарските партии за да добие мнозинство од 65 места од вкупните 120.
Во 71 –годишната историја на земјата Нетанјаху ќе стане премиер со најдолг стаж.
Слично
