Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рекорден раст на цените на недвижностите во Британија

Рекорден раст на цените на недвижностите во Британија

Во Британија цените на недвижностите растат со најбрзо темпо во последните шест години. Побарувачката  го достигна четиригодишниот максимум, покажале податоците на Кралскиот институт на овластени геодети.

Показателите на активноста на британскиот пазар на недвижности се подобриле последните месеци благодарение на државните програми за поддршка на овој сектор.

Со Програмата за помош при купување, што стапи на сила во април годинава, се предвидува купувачите на нови недвижности за кредит до 697 илјади евра да земаат бескаматни кредити на сума до 20 отсто од цената на недвижностите со рок на отплата од една година.

Експертите предвидуваат дека побарувачката на недвижности во Британија ќе продолжи и поради тоа цените ќе останат високи и покрај неодамнешната рецесија и недостатокот на хипотекарни кредити.

Во Британија се градат во просек по 100 илјади куќи и станови годишно и со цел да го покрие порастот на бројот на жители секоја  година и се потребни 240 илјади нови домови.

Слично

Поврзани вести