Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рекорден прилив на имигранти кон Германија, Бугари и Романци меѓу најбројните

Рекорден прилив на имигранти кон Германија, Бугари и Романци меѓу најбројните

Сериозен раст на странците во Германија за последните две децении е забележан во 2014 година, покажува статистиката на земјата.

Податоците покажуваат дека бројот на странците е зголемен за 519 340 или 6,8% од 2013 година - повеќето се Сиријци кои избегале од војната како и Романци и Бугари кои бараат работа.

Досега само во две години имало поголем раст на странците во споредба со 2014 година - во 2012 година - 613 500, и 1991 година - 539 800, наведуваат од германската агенција за статистика. 1991 година е поврзана со војните во Југославија.

Вкупниот број на регистрирани странци до крајот на 2014 година е 8,2 милиони луѓе - највисокиот процент од 1967 година, кога почнала да се води статистика.

Германија ја преплави сериозен имиграционен бран втора година по ред (2013 и 2014). Само САД се пред Германија во светски рамки.

Речиси 60% од новорегистрираните имигранти доаѓаат од земји членки на ЕУ. Бројот на Романците се зголеми за 87 945 или 32,9%, а на Бугарите со 36 435 или 24,8% .Бројот на имигрантите од Полска и Унгарија се зголемил  за 0,5 или 15,6 проценти.

Романија ја надмина Полска како најголем извор на нови имигранти, но Сирија е трета. Во 2014 година во Германија сириските имигранти се 61 295.

Анкетите покажуваат дека повеќето Германци сметаат дека Владата не посветува особено внимание на дојдовните странци.

Слично

Поврзани вести