Рекорден буџет усвои Јапонската Влада
Јапонската Влада го усвои рекордниот буџет за претстојната фискална година, вреден 92.6 билиони јени (1,02 билиони долари), чија цел е поттикнување на стопанскиот раст низ повеќе јавни дејности. Токио, исто така, ги зголеми трошоците во секторот за одбрана, за прв пат во последните 11 години, како вид на реакција на тензиите со Кина. Премиерот на Јапонија Шинзо Абе вети дека ќе направи се што е во негова моќ економијата да ја извлече од рецесија и да ја врати на пат на одржлив раст, како низ стимулирање на потрошувачката така и по пат на монетарно лабавење.
Слично
