Економија, финансии, бизнис

Контакт

РЕКОРД ВО РУСИЈА: За 24 часа заразени се уште 6.411 лица

РЕКОРД ВО РУСИЈА: За 24 часа заразени се уште 6.411 лица

Во Русија има рекорден број новозаразени и починати од Ковид 19 во еден ден. 

Во изминатите 24 часа заразени се уште 6.411 лица. Вкупниот број на случаи на позитивни сега е 93.558, јави Кризниот штаб.

Во текот на вчерашниот ден, починаа 72 лица, што е и дневен рекорд, а вкупниот број на жртви од вирусот сега е 867.

Русија тврди дека досега тестирала повеќе од 3,1 милиони луѓе, вклучително и 119.000 теста што се направени вчера.

„Нема друг метод. За жал, немаме позитивна динамика на развојот на епидемијата. Луѓето се уморни, многу е тешко да се биде самоизолиран, но мора да издржиме малку за да имаме поголеми гаранции дека динамиката на епидемијата ќе почне да опаѓа“, вели Николај Говорин, заменик-шеф за национално здравство, пренесе РТ.

Кремљ порача дека одржувањето на строгите мерки и ограничувања ќе биде единствениот ефикасен начин за борба против епидемијата, вклучително и самоизолација, дури и за време на мајските празници.

Слично

Поврзани вести