Економија, финансии, бизнис

Контакт

РЕКОРД: Светот го преживеа најтоплиот јули

РЕКОРД: Светот го преживеа најтоплиот јули

Јули бил најтоплиот месец измерен на Земјата од кога почнало мерењето на температурата  во 1880 година. 

Oва е уште еден рекорд за кој научниците велат дека ги поддржува предвидувањата за климатските промени кои ги предизвикал човекот.

Американската национална администрација за океани и атмосфера објави денес дека месец јули бил за 0,95 степени Целзиуси потопол од просекот за тој месец во 20. век.

Со оглед дека јули е најтопол месец во календарот, метеоролозите велат дека тоа значи дека е поставен нов рекорд за тој месец во последните 140 години. Минатомесечните температури го надминале претходниот рекорд за јули, поставен во 2016 година за 0,03 степени.

Тој резултат е очекуван затоа што неколку европски земји, како што се Франција, Белгија и Германија, пријавиле дека во јули ги надминале претходните национални температурни рекорди.

Слично

Поврзани вести