РЕКОРД: Колку туристи ја посетиле Турција во јули?
Рекордни 7,3 милиони туристи ја посетиле Турција во јули.
Тоа е за 2,6 отсто повеќе во однос на истиот период лани, соопшти Министерството за култура и туризам на земјата.
Во јули, бројот на туристи од Германија се зголеми за десет отсто на годишно ниво на повеќе од еден милион, како и бројот на посетители од Велика Британија за 15 отсто на 660 илјади, од Полска за 17 отсто на 319 илјади и од Иран за 25 отсто на 312 илјади.
Ако се анализираат податоците за периодот од јануари до јули, бројот на туристи кои ја посетиле Турција се зголемил за 8,27 отсто во споредба со лани, достигнувајќи 28,98 милиони.
Вклучувајќи ги 4,49 милиони турски граѓани кои се вратиле од странство, вкупната бројка изнесува 33,47 милиони.
Реномираниот туристички град Анталија привлече најголем број странски посетители, односно 2,6 милиони.
Истанбул, најголемиот град во Турција по население е на второто место со 1,9 милиони посетители минатиот месец.
Според Traveloffpath.com трите најпосетени градови на светот се Истанбул, Лондон и Дубаи.
foto freepik/Yaroslav Danylchenko
