Економија, финансии, бизнис

Контакт

РЕКОРД: Колку Италијанци живеат во сиромаштија?

РЕКОРД: Колку Италијанци живеат во сиромаштија?

Околу 7,6% од Италијанците живееле во целосна сиромаштија во 2015 година.

Тоа е десетгодишен рекорд. Бројот на луѓе кои живеат во сиромаштија се искачи до 4,6 милиони минатата година, што е еквивалентно на 7,6%  од населението во однос на 6,8% во 2014 година.

Извештајот може да му наштети на премиерот, Матео Ренци кој дојде на власт во февруари 2014 година со ветување дека ќе ја подобри економија. Во последната година неговата популарност драстично опадна, бидејќи растот на економијата и вработувањата не одат по нагорна линија.

Во слабо развиените јужни делови на Италија во крајна сиромаштија живеат 10 проценти од населението во однос на 9 проценти во 2014 година. На Север екстремната сиромаштија минатата година била 6,7% во однос на 5,7 % во 2014 година.

Ситуацијата е влошена како кај вработените, така и кај невработените, а 6,1% од семејствата се многу сиромашни, иако барем еден од  членовите работи.

Слично

Поврзани вести