Економија, финансии, бизнис

Контакт

РЕКОРД: Екстремно топло во две европски земји

РЕКОРД: Екстремно топло во две европски земји

Рекордно високи температури се измерени во Холандија и Белгија.

Температурите биле 38,8 и 38,9 Целзиусови степени, што се највисоки температури забележани во тие земји, објавија нивните метеоролошки институти.

Во северозападниот дел на Белгија попладнево се измерени 38,9 степени, што е историски рекорд за таа земја.

На југот на Холандија, пак, во 15 часот се измерени 38,8 Целзиусови степени. Последниот рекорд во Холандија е од 1944 година кога е измерена температура од 38,6 степени.

Слично

Поврзани вести