Економија, финансии, бизнис

Контакт

РЕКОРД: Дури 20.000 заболени од коронавирусот во еден ден

РЕКОРД: Дури 20.000 заболени од коронавирусот во еден ден

Дури 20.000 инфицирани со коронавирусот има за еден ден во Индија. 

Ова е рекордна бројка во оваа земја. 

Сега вкупниот број заразаени со новиот вирус во Индија се искачи на 528.859 лица, а има 16.905 починати. 

Втората најбројна држава на светот е на четвртото место според бројот на заразените, зад САД, Бразил и Русија.

Неколку индистриски градови се нови жаришта како Мумбаи, Делхи и Ченаи. Најпогодена е државата Махараштра и нејзината престолнина Мумбаи. Премиерот на оваа сојузна држава Удав Ткалераи во неделата најави дека делумниот карантин ќе продолжи, но и постепено ќе биде ублажуван за да се овозможи враќање на стопанските активности.

Во државата Махараштра во неделата почнаа да се отвораат фризерските салони и берберниците, со безбедносни мерки кои се на сила. 

Од граѓаните се бара да се задржуваат во област на 2 километари од местото на живеење. 

Излегувањето надвор од овој радиус е дозволен само за одење на работа или за лекување.

Во светот има најмалку 10 милиони заразени. 

САД е прва по бројот на позитивни, но има и земји каде бројот на заразени е помал од 20. 
Фици и Доминика имаат само 18, Лаос 19, Сејшелите 20, Нова Каледонија 21 заразен. 
Слично

Поврзани вести