РЕКЕТИРАНА ЗГРАДАТА ВО КОЈА ЖИВЕЕ ХРВАТСКИОТ КОНЗУЛ, ТОЈ И СОПРУГАТА СЕ ПОВРЕДЕНИ: Иран ги засилува нападите на Тел Авив
Во денешните ракетни напади на Иран врз Израел биле повредени хрватскиот конзул и неговата сопруга, пренесуваат хрватските медиуми.
Метата на ударите била зградата во Тел Авив каде што живее дипломатскиот пар. Во нападот, според првичните информации, има неколку жртви и десетици повредени лица.
Хрватската амбасадорка во Израел, Весела Мрѓен Кораќ, за порталот 24sata изјавила дека ситуацијата е крајно сериозна и загрижувачка.
– Нападите одзедоа неколку животи, а многумина се повредени. Меѓу нив се и хрватскиот конзул и неговата сопруга, кои поминаа со полесни повреди – таа со повреди на главата, а тој на ногата. Зградата во која престојуваат е значително оштетена. Во моментов, поради затворениот воздушен простор и зачестените напади, евакуацијата не е изводлива изјави амбасадорката.
фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN