Рејтингот на Путин достига нов рекорд: Еве колкумина го поддржуваат!
Рекорден процент Руси ја одобруваат политиката на својот претседател Владимир Путин, покажа истражувањето на Обшторускиот центар за истражување на јавното мислење (ВЦИОМ), цитиран од локалните медиуми.
Центарот наведува дека рекордни 89,9% од Русите ги одобруваат активностите на Путин во споредба со претходниот рекорд од јуни 2015 година, кога бројката беше 89,1%.
Според испитаниците најважен фактор за овој раст е поврзан со напорите на рускиот претседател во Сирија, вклучувајќи ги и воздушните напади по позициите на „Исламска држава“.
Во минатата година 86% ги одобруваа активностите на рускиот лидер, а во јуни 2013 година 63%.
Во април читателите на магазинот „Тајм“ го номинираа Путин за највлијателната личност во светот за 2015 година.
