Рејтингот на Обама опадна до рекордно ниско ниво
Само 42 отсто Американци ја подржуваат политиката на Претседателот Барак Обама, покажуваат податоците на весникот „Волстрит џурнал“.
Педесет и еден процент од анкетираните се незадоволни од дејноста на Обама. Во почетокот на октомври 47 отсто ја определиле како успешна, а на крајот на 2012 година - 52 проценти.
Бројот на анкетираните, кои дале негативна оценка за Обама, по првпат го надмина бројот на луѓе со позитивно мислење за него.
Освен тоа, првпат по 40 години, едвај 30 отсто од анкетираните изјавиле дека гледаат со оптимизам кон политичкиот систем во САД.
Слично
