Рејтингот на Меркел падна на рекордно ниско ниво
До рекордно ниско ниво од 2013 година падна јавна поддршка за владејачката коалицијата во Германија на чело со Христијанско-демократска заедница (ХДЗ) на канцеларката Ангела Меркел.
Поддршката падна за уште 2,5%, достигнувајќи го показателот од 32,5%, што е најнизок од последните парламентарни избори, пишува „Билд“.
Во исто време се зголеми популарноста на десничарската партија „Алтернатива за Германија“, која во моментов е 12,5 проценти.
Миграциската политика на канцеларката Ангела Меркел предизвикува повеќе прашања како меѓу населението на Германија, така и во целата ЕУ, што се одразуваат негативно врз рејтингот на Меркел.
Слично
