Рејтингот на Меркел на најниско ниво после 5 години
До најниско ниво од 2011 година е паднат рејтингот на германската канцеларка Ангела Меркел. Ова го покажува анкетата на службата „Infratest dimap“ .
Активностите на Меркел се одобрени од 47% од анкетираните (кај 47% минатиот месец). Тој е најлошиот показател во последните 5 години.
Баварскиот премиер Хорст Зеехофер кој ја критикува миграциската политика на Меркел, има поддршка од 44% од испитаниците.
Најголема доверба ужива министерот за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер - 73% од испитаниците истакнале дека „се задоволни или се многу задоволни“ од неговата работа. Штајнмаер министерот за надворешни работи ужива далеку поголема довера од Меркел меѓу студентите.
Во исто време владејачкиот десен коалициски блок ХДЗ / ЦСУ во Германија предводен од Ангела Меркел, го критикува министерот за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер за неговите повици да не се изоструваат односите со Русија, пишува Deutsche Wirtschafts Nachrichten. „Ние треба да ја плашиме Русија колку што треба, но во исто време треба да се одржува и дијалог, доколку тоа е можно“, гласи нацрт меморандумот на коалицијата. Во документот се вели дека Унијата и НАТО треба да „заземат јасна позиција“во однос на Русија, за да не се јавуваат сомнежи во солидарноста на Алијансата.
„Оној кој во оваа врска го обвинува НАТО во однос на оружјето, ги меша причината и последицата“, се вели во меморандумот. Ова е оценка за Франк-Валтер Штајнмаер, кој предупредил пред време „да не се заострува ситуацијата Тој имаше пред вид повидлива воена хистерија во балтичките земји и Полска.
