Економија, финансии, бизнис

Контакт

Реизборот на Дилма Русеф предизвика хаос на бразилската берза

Реизборот на Дилма Русеф предизвика хаос на бразилската берза
Берзата во Сао Паоло денеска забележа пад од шест проценти, ден по реизборот на Дилма Русеф на претседателската функција. По отворањето на берзата, главниот индекс Ибобеспа падна за 6% на 43,823 поени, додека бразилската валута падна во однос на доларот за 3,9% - на курс од 2,55 реали за еден долар. Во петокот, во пресрет на изборите, берзата во Сао Паоло бележеше раст од 2,42%. Дилма Русеф беше резибрана на претседателската функција, освојувајќи 51,64% од гласовите во вториот круг од претседателските избори во земјата. „Очекувавме пазарот денеска да реагира со пад, бидејќи претседателката неделава треба да соопшти кој ќе биде нов министер за економија“, вели економистот Андре Перфеито. Русеф пред изборите најави заминување на досегашниот министер за одбрана Гидо Мантега, кој е на оваа позиција од 2006 година, но не соопшти кој ќе го замени. Иако Бразил и натаму привлекува странски инвеститори, довербата на бизнисмените е на најниско ниво во последните пет години, а инвеститорите се незадоволни. Тие се жалат на големо мешање на државата во економијата со што кочи растот и конкурентноста. Бразил во првиот квартал од годинава влезе во рецесија
Слично

Поврзани вести