Реформи во електронскиот надзор бараат водечките компании во САД
Директорите на водечките технолошки компании во САД побараа од американскиот претседател Барак Обама да ја реформира праксата на електронски надзор, што ја спроведува Владата.
Извршните директори на неколку компании, меѓу кои и „Епл“, „Гугл“, „Јаху“, „Нетфикс“ и „Твитер“, повеќе од два часа разговарале со Обама и високи фунционери во Белата куќа.
Белата куќа соопшти дека Обама на состанокот со претставниците на технолошките компании изнел став дека верува во „отворен, слободен и иновативен интернет“ и ги ислушал сите препораки и загриженоста на директорите.
- Ја почитуваме дадената можност со претседателот да ги поделиме нашите принципи за владината програма за надзор и побаравме од него поагресивно да започне со реформи, се наведува во заедничкото соопштение на технолошките гиганти.
Средбата беше закажана, откако американскиот претседател и неговиот тим задолжен за безбедност одлучија кои препораки од извештајот на панелот за ограничување на активностите на Агенција за национална безбедност (НСА) да ги усвојат, а при тоа да не дојде до загрозување на безбедноста на САД.
Суд од Вашингтон во понеделникот пресуди дека програмата за електронско шпионирање на НСА на граѓаните на САД е незаконска. Шефот на правиот совет на Обама во ЦИА, Каролин Крас изјави дека не се согласува во оваа пресуда.
Обама треба следниот месец да ги обелодени мерките, кои ќе ги преземе по тоа прашање.
