Економија, финансии, бизнис

Контакт

РЕФОРМА НА ЕУ: Што предлага германската министерка Аналена Баербок?

РЕФОРМА НА ЕУ: Што предлага германската министерка Аналена Баербок?

Германија предлага голема реформа на Eвропската Унија (ЕУ).

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок во Берлин најави почеток на процесот на зајакнување на внатрешните структури на ЕУ како подготовка за процесот на проширување и истовремено предложи постепена интеграција на земјите кандидати. Баербок рече дека проширувањето на ЕУ кон земјите од Западен Балкан, како и Украина и Молдавија, е неопходно поради геостратешката ситуација и политиката на рускиот претседател Владимир Путин.

„Мислам дека би можеле да размислуваме за постепена интеграција на земјите-кандидатки на кои со затворање на нови поглавја би им се овозможил пристап до работата на Европската унија, меѓу другото, и со учество на состаноците на Советот на ЕУ“, рече германската министерка.

Баербок додаде дека нејзината влада разгледува низа мерки кои би ја направиле ЕУ поефикасна во времето на проширувањето. Меѓу овие мерки е и ограничувањето на областите за одлучување каде што би било можно вето. Баербок ја спомена можноста за воведување некакво гласање во Советот на ЕУ преку жолти и црвени картони: жолт во случај на незадоволство од некои делови од одлуката, црвено во случај на целосно несогласување. Баербок ја изнесе идејата за намалување на Европскиот парламент и Европската комисија, при што одредени сектори во рамките на комисијата ќе бидат поделени меѓу неколку земји-членки.

Претходно, францускиот претседател Емануел Макрон зборуваше за „Европа во повеќе брзини“, но потоа кажа дека сака побрзо проширување на ЕУ. 

foto Facebook.com/Annalena Baerbock 

Слично

Поврзани вести