Економија, финансии, бизнис

Контакт

РЕФОРЕМАТОР: Почина кралот на Саудиска Арабија, го наследи братот Салман!

РЕФОРЕМАТОР: Почина кралот на Саудиска Арабија, го наследи братот Салман!

Саудискиот крал Абдулах починал рано утрово, а на тронот го заменил неговиот брат Салман, соопштил кралскиот суд на земјата која е водечки светски извозник на нафта и колевка на исламот.

Кралот Салман (79) го именувал неговиот брат Мукрин за принц на претстолонаследник.

Сите тројца се синови на основачот на современата саудиска држвата, кралот Абдулазиз, кој почина во 1953 година.

Абдулах починал во времто кога Саудиска Арабија е соочена со големи кризи на своите граници.

„Исламската држава“ која е во подем во Сирија и Ирак, ветила дека ја урне владеачката саудиска династија на Ал Сауд.

Абдулах имал околу 90 години, а во последно време бил болен од воспалени бубрези. Тој станал крал во 2005 година, а во последните неколку години имал често здравствени проблеми.

Абдулах се залагал за умерени реформи, вклучувајќи го и давањето поголема јавна улога на жените, но на тоа се противеле конзервативните верски кругови.

Слично

Поврзани вести