Економија, финансии, бизнис

Контакт

Швајцарците на референдум, сакаат да ги „зауздаат“ менаџерските плати

Швајцарците на референдум, сакаат да ги „зауздаат“ менаџерските плати
На референдум во недела, Швајцарија ќе одлуваат дали ќе има ограничување на месечните плати во швајцарските компании. Имено ако референдумот помине позитивно, тогаш најголемата плата во Швајцарија нема да може да биде 12 пати повисока од најниската плата во фирмата. Ова значи дека во тој случај , месечните плати на директорите, ќе мора да бидат пониски  од годишната плата на работниците кои земаат најниска плата. Референдумот се вика „Иницијативата 1:12“ , а е покрената од швајцарските социјалисти кои сметаат дека никој не треба да заработи за еден месец, годишна плата на колегата. Инаку со собирање на потребни 100 илјади потписи  за распишување референдумот за почна во 2009 година. Претходно парламентот и сојузната влада предложиле иницијативата да се одбие. Инаку според анкетите, 5 дена пред референдумот 44отсто од Швајцарците позитивно се изјасниле, 44 отсто биле против, а останатите неопределени. И во владата на Швајцарија нема позитивно мислење за референдумот од каде велат дека ако биде изгласан ќе ја наруши конкурентноста и избрка големите компании, ќе ги намали работните места и приходите од социјалните давачки. Противниците веќе организираа кампања со која бараат да се каже Не на референдумот. „Швајцарија, една од најлибералните европски економии, ќе стане европска Северна Кореја“, изјави и лидерот на Швајцарската либерална радикална партија, Руенди Носер. Исто така, дел компаниите најавија дека ќе ја напуштат Швајцарија ако успее референдумот. Такви се компаниите Новартис, Нестле, ББст и СББ. Сега сите очи се свртени кон резултатите во недела.
Слично

Поврзани вести