Економија, финансии, бизнис

Контакт

РЕФЕРЕНДУМ ВО ЛУГАНСК ЗА ПРИПОЈУВАЊЕ КОН РУСИЈА: Пешечник најави, но не прецизира датум

РЕФЕРЕНДУМ ВО ЛУГАНСК ЗА ПРИПОЈУВАЊЕ КОН РУСИЈА: Пешечник најави, но не прецизира датум

Сепаратистичката украинска територија Луганск, чија независност, заедно со другите територии на исток, Москва ја призна, наскоро би можела да организира референдум за приклучување кон Русија, изјави лидерот на таа област Леонид Пашечник.

„Мислам дека во блиска иднина ќе се одржи референдум на територијата на Република Луганск, при што народот ќе го искористи своето апсолутно уставно право и ќе го каже своето мислење за приклучување кон Руската Федерација“, рече тој.

„Не знам зошто, но сигурен сум дека тоа ќе се случи“, додаде тој, без да наведе можен датум.

Проруските сепаратистички републики Доњецк и Луганск, чија независност ја призна Москва, се наоѓаат во рудниот басен Донбас во источна Украина, кој не е под контрола на Киев од 2014 година.

Повеќе од 14.000 луѓе ги загубија животите во војната меѓу сепаратистите и властите во Киев од 2014 година.

Рускиот претседател Владимир Путин на 21 февруари ја призна независноста на двете области и одговори на нивното барање за воспоставување соработка во одбраната.

Тоа беше вовед во влегувањето на руските војници во Украина на 24 февруари, а Кремљ како причина ја наведе одбраната на тие две сепаратистички територии.

ИЗВОР: Beta

ФОТО: EPA/ALEXANDER ERMOCHENKO

Слично

Поврзани вести