РЕФЕРЕНДУМ: Словенците гласаат за геј бракови
На денешниот референдум, граѓаните на Словенија ќе излезат на гласање за дефинирање на бракот како заедница на две лица, наместо како досега што можеше да стапат во брак само маж и жена.
Ако референдумот е успешен, во Словенија ќе им се даде право на геј паровите да стапат во брак и да посвојуваат деца.
Иако словенечкиот парламент во март усвои закон со кој бракот се дефинираше како заедница меѓу две лица, а не само помеѓу маж и жена, сепак противниците на законот покренаа кампања и успеаја да соберат 40 000 потписи за покревање на референдум.
Референдумот ќе биде прогласен за неуспешен ако излезат на гласање барем 20 отсто од гласачаите и мнозинството се изјасни –против.
Слично
