Економија, финансии, бизнис

Контакт

Редок феномен се појави на небото во Мексико по силниот земјотрес

Редок феномен се појави на небото во Мексико по силниот земјотрес

Необичен феномен се случи во Мексико. Силниот земјотрес со јачина од 7 степени по Рихтер, кој вчера го погоди Мексико, предизвика редок феномен на небото над Акапулко.

Феноменот на осветлување на небото за време на земјотрес или по него, е редок, но во Мексико веќе се има појавено по силниот земјотрес со јачина од 8.1 степен, во 2017 година. Ова светење на небото, кое оттогаш наваму се нарекува мексиканско земјотресно светло, сѐ уште им задава главоболки на научниците бидејќи не можат да соодветно дадат објаснување на што се должи оваа појава. 

Земјотресот предизвикал одрони и свлечишта, а има оштетени згради во Акапулко. 

Слично

Поврзани вести