Економија, финансии, бизнис

Контакт

Red Bull Racing на вработените им подели 10 милиони евра

Red Bull Racing на вработените им подели 10 милиони евра
Откако германецот Себастијан Фетел ја одбрани својата светска титула шампион во Формула 1, раководството на Ред Бул  ги награди  сите вработени со паричен бонус од 12.000 до 50.000 евра, поради што се одвоени околу десет милиони евра. Наградата беше примена од страна на секој од 550-те вработени во седиштето на Ред Бул во Милтон Кејнс, Англија. Обичниот дел од персоналот ќе добие 12.000 евра, додека бонусот за инженерите е околу 50.000. -Премиите се дефинирани во договорите и на нив има право секој наш вработен.Како и минатата година, секој го добива својот дел", потврди еден од лидерите на компанијата Хелмут Марко.
Слично

Поврзани вести