Економија, финансии, бизнис

Контакт

РЕЦИПРОЦИТЕТ: Русија возврати со санкции за САД!

РЕЦИПРОЦИТЕТ: Русија возврати со санкции за САД!
Официјална Москва денеска воведе санкции за деветмина американски функционери и сенатори, како возвратна мерка за санкциите што неодамна ги воведоа САД за Русија заради случувањата во Украина. На „црната листа“ на Русија се најдоа советниците на американскиот претседател за национална безбедност Бен Родс и Керолин Аткинсон, како и сенаторите Џон МекКејн, Хери Рид, Мери Лендри, Ден Коатс и Роберт Менендез, претседателот на Претставничкиот дом во Конгресот Џон Бонер и високиот советник на Обама, Ден Фајфер. „Во повеќе наврати предупредувавме дека санкциите се меч со две острици и дека на САД ќе му се вратат како бумеранг. Сигурно ќе одговориме на адекватен начин на секој непријателски потег“, соопшти Кремљ. Најновите руски санкции дел од американските сенатори ги дочекаа со доза на потсмев. Така, сенаторот Џон МекКејн изјавил: „Изгледа ова значи дека нема ништо од мојот пролетен одмор на Сибир, ќе ја изгубам и акцијата во Газпром и мојата тајна банкарска сметка во Москва е замрзната. Сепак јас никогаш нема да престанам да се борам на страната на слободата, независноста и територијалниот интегритет на Украина, вклучувајќи го и Крим“. Американскиот претседател Барак Обама во понеделникот донесе одлука за замрзнување на имотот и забрана за патување во САД на 111 руски, украински и кримски функционери и застапници кои ги смета за вмешани во „незаконската анексија на Крим“.
Слично

Поврзани вести