Економија, финансии, бизнис

Контакт

РЕЧИСИ ПОЛОВИНА ОД РАБОТНИЦИТЕ СЕ ПРАТЕНИ НА ПРИНУДЕН ОДМОР - што се случува со најголемиот руски аеродром

РЕЧИСИ ПОЛОВИНА ОД РАБОТНИЦИТЕ СЕ ПРАТЕНИ НА ПРИНУДЕН ОДМОР - што се случува со најголемиот руски аеродром

Најголемиот руски аеродром Шереметјево испрати 40 отсто од својот персонал, меѓу 6.000 и 7.000 луѓе, на принуден годишен одмор на неодредено време поради санкциите на Европската унија и САД.

Пред неколку дена, светските агенции јавија дека Шереметјево, инаку најголемиот руски аеродром, привремено затворил некои од своите терминали и ги запрел инвестициските проекти.

Во соопштението на аеродромот наведено беше дека терминалите Е и Д привремено се затворени поради намалениот патнички сообраќај што го предизвикаа санкциите. Истакнато е и дека е затворена и третата писта на аеродромот.

„Преземените мерки ќе важат до враќањето на обемот на патничкиот сообраќај“, се вели во соопштението.

Европската Унија и Соединетите Американски Држави одлучија да го затворат воздушниот простор за руските авиони, а Русија, исто така, спроведе слична одлука поради санкциите. Некои воздушни и туристички компании во Русија ги запреа своите меѓународни летови поради опасноста од заплена на руски авиони од страна на западни компании.

Слично

Поврзани вести