Речиси 92 проценти од помладите испитаници на ист начин бираат дестинација за патување
Според извештајот на „Мекинси енд компани“ насловен како „Состојбата на патувањата и угостителството“, се очекува туризмот целосно да закрепне откако изгуби дури 75 проценти од својата вредност во 2020 година.
Речиси 92 проценти од помладите испитаници признале дека нивното последно патување било инспирирано од содржината на социјалните медиуми - од објави на инфлуенсери, до препораки од пријатели.
Како дел од истражувањето, анализирани биле навиките на повеќе од пет илјади патници од Кина, Германија, Обединетите Арапски Емирати, Обединетото Кралство и САД, кои патувале барем еднаш во последните две години за одмор. Резултатите покажале дека денешните туристи се помотивирани од кога било, поселективни во изборот на дестинации, но и подлабоко поврзани со идејата за значајно патување. Две третини од испитаниците изјавиле дека се повеќе заинтересирани за патување сега отколку пред пандемијата, а помладите генерации - милениумците и генерацијата З - го предводат трендот, трошејќи поголем дел од своите приходи на искуства отколку на луксузни производи.
foto freepik.com
