Економија, финансии, бизнис

Контакт

Речиси 77 проценти од домаќинствата во ЕУ се без деца

Речиси 77 проценти од домаќинствата во ЕУ се без деца

Во 2025 година, од 203,1 милиони домаќинства во ЕУ, само 47,4 милиони, или 23,4%, вклучувале деца. Повеќето од нив биле парови со деца (14,7%), други видови домаќинства со деца (5,6%) и самохрани возрасни лица со деца (3,0%), покажуваат податоците на Евростат.

Останатите 76,6% од домаќинствата без деца се состоеле од самохрани возрасни лица (37,5% од сите домаќинства), парови (24,1%) и други домаќинства (15,1%).

Помеѓу 2016 и 2025 година, бројот на домаќинства со самохрани возрасни лица без деца се зголемил за 19,2% (од 63,9 милиони на 76,1 милиони), а бројот на домаќинства составени од парови без деца пораснал за 3,3% (од 47,3 милиони на 48,9 милиони). Спротивно на тоа, бројот на домаќинства со парови и деца се намали за 6,3% (31,9 милиони на 29,9 милиони), а другите видови домаќинства со деца се намалија за 3,5% (11,8 милиони на 11,4 милиони).

Најмногу домаќинства со деца има во Словачка (35,4%), Ирска (30,8%) и Кипар (28,2%), а најмалку во Финска (18,2%), Литванија (18,4%) и Германија (19,9%).

Во 2025 година, 50,2% од домаќинствата во ЕУ со деца имале едно дете, 37,6% имале 2 деца, а 12,2% три или повеќе деца. Домаќинствата со едно дете биле особено чести во Португалија (61,8% од сите домаќинства со деца), Бугарија (60,4%) и Малта (59,5%).

Во 14 од 27-те земји на ЕУ, повеќето домаќинства со деца имале две или повеќе деца. Овој удел бил највисок во Шведска, со 57,8% од таквите домаќинства, Холандија (57,6%) и Ирска (56,7%)

Слично

Поврзани вести