Речиси 24 илјади имигранти влегле во Европа од почетокот на 2016-та
23 600 имигранти од Блискиот Исток влегле во Европа во текот на првите две недели на 2016 година. Ова го објави „Daily Express“, повикувајќи се на податоци на Меѓународната организација за миграција. Тоа е три пати повеќе во однос на истиот период минатата година.
Според најраспространетите податоци, ако во првите денови на месец јануари 2015 година кон брегот на Италија и Грција секојдневно пристигнувале по 570 бегалци, сега нивниот број достигна до 1 700 луѓе на ден.
При обид да стигнат до европските брегови по Средоземното и Егејското Море загинале 59 лица.
Сличен тренд зборува за тоа дека во 2016 година бројот на пристигатите во Европа бегалци може значително да ја надмине онаа бројка од минатата година кога на континентот пристигнаа 1,1 милиони мигранти од блискоисточниот регион.
