Речиси 20 милиони луѓе во еврозоната се без работа
Во вкупно 18 земји-членки на еврозоната, во јануари без работа биле 19.175.000 луѓе, што е за 17.000 повеќе во споредба со претходниот месец, објави европската статистичка агенција Евростат.
Според податоците, процентуално, невработеноста во еврозоната е на исто ниво од 12% веќе четврти месец со ред. Најголема загриженост предизвикува невработеноста кај младите лица - над 3,5 милиони лица на возраст под 25 години биле невработени во јануари. Изразено во проценти, веќе втор месец по ред, невработеноста кај младите е 24%, двојно повисока од општата стапка на невработеност!
Најниска невработеност е регистрирана во Германија и Австрија - само околу 5% од жителите таму бараат работа. Најголема стапка на невработеност и натаму има во Грција (28%) и Шпанија (25,8%).
Слично
