Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рецесијата во Шпанија во 2012 година поголема од очекуваното

Рецесијата во Шпанија во 2012 година поголема од очекуваното

Државната агенција за статистика INE соопшти активностите во шпанската економија се намалиле минатата 2012 година за 1,6 отсто, за 0,2-процентни поени повеќе отколку што досега се предвидуваше.

Оваа ревизија ќе влијае врз споредбите на годинашниве квартални резултати со кои од минатата година, предупредуваат од INE. Тоа особено важи за годишната споредба на бруто домашниот производ (БДП) за вториот квартал што ќе биде објавена на 29-ти август.

Ревидирани се и податоците за шпанскиот БДП во 2011, 2010 и 2009 година, при што дефинитивен е оној за 2009 година, кој сега покажува пад по стапка од 3,8 отсто, во однос на досегашната процена за намалување од 3,7 отсто.

Во 2011 година шпанската економија, пак, пораснала за само 0,1 отсто, во однос на досега проценетите 0,4 проценти, додека во 2010 година е намалена за 0,3 отсто, за 0,1-процентен поен помалку отколку што досега се проценуваше, покажуваат ревидираните пресметки на INE, објави „Макфакс“.

Слично

Поврзани вести