Рецепт за успех од најмоќниот градоначалник во светот
Најмоќниот градоначалник во светот, Мајкл Блумберг, неодамна сподели совет за тоа како да се направи успешна кариера, пренесува порталот Bizlife.
Основачот на една од најголемите медиумски компании и градоначалникот на Њујорк изјави дека секој пред себе има различни можности и особини кои не прават нас да бидеме единствени и се издвојуваме од другите, но исто така главен услов за успехот е среќата. Меѓутоа, вели тој, додека за некои работи не можеме да влијаеме, одредени "конци може да се држат во свои раце."
„Врз основа на искуството тврдам дака сами ја градите својата среќа. Колку повеќе работите, толку повеќе среќата ќе ви се насмевнува", изјави Блумберг.
Градоначалникот на Њујорк вели дека тој секогаш се трудел да дојде на работа меѓу првите и да биде меѓу последните кои си одат од работа. Тој не користел право на одмор и се обидувал да што поретко да станува од бирото дури и кога станувало збор за излегување на ручек или во бања.
„Знам дека сите велат дека ова не е нормално, но вие навистина мора да бидете присутни на работа, и ментално и физички. Вие не можете да ја контролирате среќата колку и да сте паметни, но под ваша контрола е секогаш колку ќе работите и колку ќе се залажувате", објасни градоначалникот кој важи за едн од најмоќните во светот.
Слично
