Реалност: Работно време од само 6 часа!
Властите во Шведска размислуваат воведување на шестчасовно работно време очекувајки со тоa да ги намалат боледувањата, а да ја зголемат продуктивноста и да заштедат пари.
Со цел тестирање на новото работно време, во тек се припреми за експеримент во домот за стари лица Вастра Хисингер каде има 60 вработени.
Вработените во домот за стари лица каде ќе биде спроведен експериментот, ќе добиваат иста плата како и нивните колеги во другите исти такви домови.
Се очекува наредната година, новото работно време да биде воведео за сите.
Властите во Шведска сметаат и дека скратеното работно време би можело да допринесе за поголема побарувачка на нови кадри за одредени струки. По експериментот во домот за стари лица, независна комисија ќе донесе одлука за евентуално воведување на иста пракса во цела Шведска.
Инаку, уште пред неколку месеци шведската влада истиот експеримент го започна со државните службеници во Гетеборг, за да се испита дали таквата пракса ќе ја зголеми продуктивноста кај вработените, така што тие ова лето работат шест наместо вообичаените осум часа дневно.
K.K.
Слично
