Економија, финансии, бизнис

Контакт

Реална опасност: Алпите може да останат без мраз до 2100 година

Реална опасност: Алпите може да останат без мраз до 2100 година

Алпските глечери може да се намалат за повеќе од 90% до 2100 година ако ништо не се направи за да се намалат емисиите на стакленички гасови кои се одговорни за глобалното затоплување.

Околу четири илјади глечери на Алпите, кои испорачуваат вода на милиони луѓе се загрозени од стакленичките гасови. Со помош на климатски модели и мерења швајцарски научници ја следат еволуцијата на глечерите кај различните сценарија на затоплување.

Ако за неколку години стакленичките гасови не го достигнат својот врв и почнат да се намалуваат до 2100 година, една третина од глечерите ќе се задржат. Но, со сегашната стапка на емисиите на штетните гасови, глечерите речиси ќе исчезнат, предупредуваат научниците.

"Песимистички сценарија велат дека во Алпите речиси нема да има глечери во 2100 година, ќе останат само неколку одделни мали глечери на голема височина. Мора да се направат огромни напори за намалување на емисиите, инаку многу од глечерите во Алпите ќе исчезнат.“, предупредуваат швајцарските научници.

"Глечерот е резервоар. Еден глечер во добра состојба се топи во текот на летото и ја зголемува својата големина во текот на зимата. На овој начин, кога луѓето имаат најголема потреба од вода, тие ја добиваат од глечерите", рекол Хари Зеколари од Технолошкиот универзитет во Делфт , Холандија.

"Ако глечерите исчезнат, ќе ги изгубиме овие резервоари. Во Алпите тоа и може да се надмине, но на  Андите и Хималаите милијарди луѓе навистина се потпираат на оваа вода", рекол Зеколари. Тој исто така ја истакнал опасноста од поплави и лизгање на земјиштето.

Глечерите во Алпите содржат околу 100 км3 мраз, што е еквивалентно на 400 милиони олимписки водени базени.

Од 1991 до 2016 година глечерите изгубиле 9 000 милијарди тони мраз што го покачило морското ниво со 2,7 см. Тоа се води од топење на глечерите во Аљаска, Патагонија, Арктикот, кои се поголеми од алпските.

Слично

Поврзани вести