Економија, финансии, бизнис

Контакт

РЕАКЦИЈА ОД РУСИЈА: Песков вели дека ЕУ ќе пропадне поради Украина

РЕАКЦИЈА ОД РУСИЈА: Песков вели дека ЕУ ќе пропадне поради Украина

Русија е незадоволна од фактот дека Украина почна преговори со Европската Унија(ЕУ). Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков вели дека пристапувањето на Украина во ЕУ ќе доведе до колапс на европскиот блок. 

„Трезвените умови разбираат дека тоа ќе биде товар што ЕУ едноставно нема да може да го поднесе, како резултат на што ЕУ ќе пропадне под товарот“, изјави портпаролот, пренесе ТАСС.

Грузија, земја чии делови се под руска окупација доби статус кандидат. Заедно со Украина, преговори со ЕУ почна и Молдавија. Русија на 24 февруари лани ја почна инвазијата на Украина. Земјата со една контраофанзива врати голем дел од окупираната територија, но втората контраофанзива не ги даде посакуваните резултати. 

Слично

Поврзани вести