Економија, финансии, бизнис

Контакт

РЕАКЦИИ НА ЕВРОПА ПО ПОРАЗОТ НА ОРБАН: Лидерите испратија пораки за „нова насока“ на Унгарија

РЕАКЦИИ НА ЕВРОПА ПО ПОРАЗОТ НА ОРБАН: Лидерите испратија пораки за „нова насока“ на Унгарија

По изборниот пораз на Виктор Орбан, почнаа да пристигнуваат првите реакции од европските лидери, кои ја поздравија победата на Петер Маѓар и неговата партија Тиса.

Орбан, кој ја водеше Унгарија 16 години, го призна поразот и му честиташе на својот противкандидат, по што следуваа реакции од највисоките европски претставници.

Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека „срцето на Европа вечерва чука посилно“, додавајќи дека Унгарија повторно го избрала европскиот пат.

Своја реакција имаше и францускиот претседател Емануел Макрон, кој соопшти дека веќе разговарал со Маѓар и му честитал на победата.

– Франција ја поздравува победата на демократското учество и приврзаноста на унгарскиот народ кон вредностите на Европската унија – напиша Макрон.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц исто така упати честитки, нагласувајќи дека очекува соработка за „силна, безбедна и обединета Европа“.

Претседателката на Европски парламент, Роберта Мецола, порача дека „местото на Унгарија е во срцето на Европа“.

Изборниот резултат се толкува како значаен политички пресврт во земјата и сигнал за можни промени во односите со Европската унија.


Слично

Поврзани вести