Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАЗВОДОТ СО ЕУ КОНЕЧЕН: Британскиот парламент го одобри покренувањето на Брегзит до крајот на март!

РАЗВОДОТ СО ЕУ КОНЕЧЕН: Британскиот парламент го одобри покренувањето на Брегзит до крајот на март!

Двата дома на британскиот парламент го усвоија нацртот на законот со кој на британската влада и се овозможува покренување на член 50 од Лисабонскиот договор за истапување на Велика Британија од Европската унија.

Предлог законот, како што се очекува, ќе добие одобрение од кралицата и утре ќе стапи на сила.

Од предлогот на законот се отфрлени два амандмани кои претходно беа усвоени од Домот на Лордовите. Домот на лордовите бараше заштита на правата на европските граѓани присутни во Велика Британија и парламентот да има последен збор за финалниот договор со  Брисел, но од нив во конечната верзија на законот се откажаа.

Со усвојувањето на законот и се даваат одврзани раце на конзервативната влада на премиерката Тереза Меј  официјално да покрене процедура на „развод“ од ЕУ пред крајот на март, што е краен датум кој таа претходно го одреди. Според прописите на ЕУ, преговорите можат да траат две години од моментот кога официјално се покренат.

Слично

Поврзани вести