РАЗУЗНАВАЧКИ ИНФОРМАЦИИ НА САД: Откриено е кој и како им помогнал на Украинците да ги убијат руските генерали
САД обезбедија разузнавачки информации кои им помогнаа на
украинските сили да ги убијат повеќето руски генерали во војната во Украина,
пишува Њујорк Тајмс.
Украинските власти тврдат дека убиле околу 12 руски генерали на бојното поле, се наведува во текстот.
Весникот, повикувајќи се на високи американски функционери, тврди дека помошта за таргетирање на одредени цели е дел од напорите на администрацијата на претседателот на САД, Џозеф Бајден, да обезбеди разузнавачки информации од бојното поле до Украина во реално време.
Според Њујорк тајмс, Вашингтон и доставил на Украина детали за очекуваните движења на руските сили и локација и други детали за мобилниот воен штаб на Русија, а Украина ја комбинирала таа помош со сопственото разузнавање за да изврши артилериски напади и други напади во кои руски офицери беа убиени.
Досега Украина не соопшти колку руски генерали се убиени како резултат на таа американска помош.
ФОТО: EPA/STR