Разузнавачи велат дека мали се шансите Русија во следните 30 дена да напредува во Украина
Русија веројатно изгуби една третина од своите копнени сили во Украина, oбјавија британските разузнавачи.
Ова е наведено во новиот извештај што го објави британското Министерство за одбрана.
Во извештајот, стои дека руската офанзива во Донбас, источното индустриско срце на Украина, „изгубила динамика и е значително зад распоредот“. Се наведува дека всушност, во текот на изминатиот месец, Русија „не успеала воопшто да постигне значителни територијални придобивки“. Москва почнала да го гаѓа Донбас откако не успеала да го освои главниот град на Украина, Киев.
„Малку е веројатно дека Русија драматично ќе ја забрза својата стапка на напредување во следните 30 дена“, се вели во извештајот.
Украинците ја вратија контролата на Харков. Русија на 24 февруари ја почна инвазијата на Украина. Имаше предвидувања дека војната ќе трае до крајот на оваа година.
Украина e подготвена да ги врати телата на руските војници во Русија. Русите утрово извршија напад на градот Лавов.foto EPA/SERGEY KOZLOV
