Разузнавачи тврдат дека за 48 часа Русија ќе тргне во целосна инвазија на Украина
Американски разузнавачи тврдат дека тотална инвазија на Украина ќе почне во рок од 48 часа.
Функционери на американските разузнавачки служби потврдија за Њузвик дека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден го предупредила украинскиот претседател Володимир Зеленски за проценката дека Русија се подготвува да тргне во тотална инвазија. Извор близок до кабинетот на Зеленски потврдил за Њузвик дека претседателот го примил предупредувањето на администрацијата на Бајден. Пентагон проценува дека Русија при инвазијата ќе користи воздушни удари, крстосувачки ракети и копнени трупи.
Изворот за Њузвик кажал дека инвазијата би вклучувала упад на руската војска не само во бунтовничките региони во Донбас на истокот на Украина, туку и голема инвазија насочена кон главниот град Киев која би почнала од северната граница со Белорусија, каде руската војска од неодамна одржува заеднички воени вежби со белоруската војска.
Другиот функционер кажа дека инвазијата најверојатно ќе почне ноќе, а се очекува да ѝ претходат хакерски напади.
На социјалните мрежи се појави слика од картата на Украина која е поделена на неколку делови кои се означени со различни бои. Оваа карта ја објави руската државна телевизија „Росоја 24“ за време на говорот на претседателот Владимир Путин.
На картата е прикажана „Украина во жолто“ или оној дел од територијата што „Русија смета дека и припаѓа на Украина“, а другите делови се означени како „донирани“ територии на Украина од руските владетели Сталин, Ленин и Хрушчов.foto freepik.com
