Економија, финансии, бизнис

Контакт

Разузнавачи тврдат дека Русија сака да го скрши моралот на Украинците

Разузнавачи тврдат дека Русија сака да го скрши моралот на Украинците

Британското разузнавање тврди дека Русија е насочена кон моралот на украинскиот народ. 

Според нив, Русија го зголеми бројот на цели меѓу цивилната инфраструктура во обид да го поткопа моралот на Украина – народот и владата.

Синоќа Русија изврши три удари во областа Никопол – со „Град“ и тешка артилерија, објави шефот на воената управа на регионот Дњепропетровск, Валентин Резниченко.

Според него, самиот Никопол е гранатиран два пати. Како резултат на тоа се повредени три лица: 49-годишна жена и двајца мажи на возраст од 26 и 82 години.

Во градот оштетени се неколку десетици висококатници и приватни куќи, автомобили, плински и електрични водови. Во еден од маркетите избувнал пожар.

Руските сили гаѓале градинка, неколку продавници, фризерски салон и зградата на локалната управа.

Погоден е и центарот на Крематорск. Но, не се знае дали таму има жртви. 

Деновиве имаше удари врз електричната мрежа и брана на реката Ингулет во Криви Рих. Русија досега истрела неколку илјади проектили со долг дострел во Украина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски кажа дека Русите ќе одговараат и на боиштето и на суд. Зеленски синоќа изјави дека продолжува работата на ексхумацијата на телата во Изjум, во областа Харков, кои биле пронајдени на местото на масовна гробница. 

foto EPA/SERGEY KOZLOV

Слично

Поврзани вести