Економија, финансии, бизнис

Контакт

Разузнавачи откриваат каде ќе тргнат Русите за 48 часа, во ризик се цивилите од Северодоњецк

Разузнавачи откриваат каде ќе тргнат Русите за 48 часа, во ризик се цивилите од Северодоњецк

Целта на Русија е да го опколи Северодонецк, наведуваат британски разузнавачи. 

Целта на Русија е да навлезе подлабоко во регионот на Доњецк и да го опколи градот Северодоњецк од север.

Британското Министерство за одбрана наведува дека Русија најверојатно во последните 48 часа повторно се обидува да напредува јужно од украинскиот град Изјум. Ако заробените цивили во Северодоњецк не ја прифатат понудата да излезат преку коридорот отворен од руските сили, Русија најверојатно ќе бара оправдување за помалку да прави разлика меѓу цивилите и украинските воени цели во областа. Градот е отсечен, откако трите мостови се урнати. Поголем дел од Северодоњецк веќе е под контрола на руските сили. Војната почна пред 115 дена. 

foto EPA/OLEG PETRASYUK

Слично

Поврзани вести