Економија, финансии, бизнис

Контакт

Разузнавачи објавија кога и со колку војници Русите ќе ја интензивираат битката за Донбас

Разузнавачи објавија кога и со колку војници Русите ќе ја интензивираат битката за Донбас

Руските сили по сите најави ќе се концентрираат на Донбас во Украина. 

Украинскиот Генералштаб објави дека Русија ги концентрира своите сили околу градот Харков и дека нападот на тој голем град може да почне истовремено со „битката на сите битки“ во Донбас.

Британската тајна служба МИ6 го известила воениот и државниот врв на Украина дека Русите ќе ја почнат „битката за Донбас“ меѓу 12 и 19 април. Русите ќе имаат 90.000 војници западно од украинскиот „фронт на Донбас“.

Предупредувањето го пренел британскиот премиер Борис Џонсон. Тој  на Украинците им вети 120 тенкови и други оклопни возила.

„Русија нема да ја паузира воената операција во Украина за нови рунди мировни преговори“, изјави денеска рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров.

Според украинскиот претседател Володимир Зеленски, следната недела ќе биде клучна. 

Тој изјави дека Украина нема да отстапи од териториите и дека никогаш нема да го признае Крим како руска територија. Војната започна на 24 февруари кога Русија ја нападна Украина во раните утрински часови. 

фото Принтскрин

Слично

Поврзани вести